Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вечерва имаше онлајн средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

– На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности, информираа вечерва од Владата.

На состанокот е констатирано дека концептот „Едно општество за сите“ успешно се развива и дека е добар пример дека доколку има политичка волја и чувство за потребите на граѓаните, можни се решенија што овозможуваат перспективи.

Инаку, на овој онлајн разговор не беше присутен Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османо, иако претходно беше дел од разговорите кои владините претставници ги имаа со високите европски функционери.