Во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево се отвори изложбата „Најубавите делови на градот“, каде свои дела изложија Лулзиме Османи, Бенита Џелили, Мазламе Салиу, Валдета Ибиши и Арбер Садику.

Изложбата се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствена комисија за заштита од Ковид-19, затоа сите поканети носеа маска и држееа физичка дистанца .

– Ние коегзистираме со убави пејсажи изградени од луѓето за да биде „зелена сценографија” меѓу зградите и да видиме колку брзо вегетацијата расте во нив, создавајќи свој живот, да не должам, се надевам дека оваа нема да биде последна изложба и дека и во иднина ќе треба да се дружиме во вакви колективни изложби, рече на чинот на отварањето уметникот Лулзимe Османи.

Која изрази благодарност до Министерството за култура на Владата под чие покровителство се одржа оваа изложба.

– Благодарност до директорот на НУЦК „ Кочо Рацин“ Мазлам Османи кој секогаш е подготвен да ни излезе во сусрет и да ни помогне, на крај уживајте изложбата ја прогласуваме за отворена иако се држи во услови на пандемија, заврши Османи.