На денешната седница на Владата во чиј фокус беа кадровските прашања, разрешени и именувани се членови на управни и надзорни одбори во повеќе претпријатија во државна сопственост:

,За членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија Владата ги именува:

- Ветон Мурати (дипломиран економист),

- Владо Неданоски (дипломиран професор по спорт и физичко образование, м-р по безбедносни науки),

- Никола Рилак (дипломиран информатичар),

- Зоран Саздовски (педагошки факултет)

Со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија, Владата заклучи да им препорача на членовите да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.

Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.

Владата ја констатираше оставката на Иљми Селами од должноста член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, а за член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Македонија да го избере Васко Стефанов (дипломиран инженер по индустриска логистика и магистрант на Факултетот за Природни и Технички Науки).

За членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, Владата ги именуваше:

- Наташа Бошкова за областа „Заштита на маргинализираните лица“ од Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје, и - Снежана Трпевска за областа „Медиуми и информатичко општество“ од Здружението на новинарите на Македонија Скопје

Владата го именуваше Марјан Кицев за член на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија, како претставник од репрезентативниот синдикат член на Економско социјалниот совет.

Маја Аргировска, е разрешена од должноста член на Комисијата за одлучување по барањата за зголемување на формираната цена на лек, и на нејзино место ја именуваше Аница Иваноска Стрезовски.

Со одлука на Владата, Слободанка Колевска е разрешена од должноста член на УО на ЈЗУ Општа болница – Струга, на нејзино барање, а за член на нејзино место е именуван Мартин Џутески.

Од должноста член на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој денеска е разрешен Александар Стефановски и поради истек на мандатот на претседателот и 5-те членови на Управниот одбор, за членови Владата ги именуваше:

- Моника Јованова (дипломиран преведувач и толкувач од албански на македонски јазик и обратно), за период од три години;

- Пиштар Љутфиу (м-р од областа на политичките науки), за период од три години;

- Калина Лечевска (доктор на социолошки науки), за период од три години;

- Бранко Ничота (дипломиран Инженер по електротехника), за период од три години;

- Димитрија Анѓелковски, за период од две години;

- Синиша Вељановски (дипломиран правник и м-р по меѓународно право и меѓународни односи со положен правосуден испит) за период од две години; и

- Дритон Зибери, за период од две години.

Од должноста членови на Управен одбор – претставници на основачот на ДРЖАВЕН УЧЕНИЧКИ ДОМ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ Владата ги разреши Ангелчо Петков и Косте Бојков, а за членови и ги именуваше Ефремчо Николов, Душанка Трајковска и Павле Лукоски.

Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди (м-р по бизнис менаџмент).

Со заклучок од оваа седница на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје му е препорачано, од должноста член на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го отповика Орхан Муртезани, а за член да го избере Аднан Азизи (дипломиран на Филолошки факултет).

На денешната седница Блажена Пејовска, дипломиран градежен инженер, насока-транспортна инфраструктура, е именувана за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.