Владата ја прифати оставката на Билјана Јовановска, и ја разреши од должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија Скопје, на нејзино барање и го именуваше Абдуш Демири, дипломиран економист за директор на Агенцијата.

Рокада на местата на кадрите на ДУИ е направена во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Управата за јавни приходи.

Ремзи Абдулахи е разрешен од должноста заменик - директор на Управата за јавни приходи и именуван за вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Авдуљ Селам Селами пак е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и е именуван за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи.