На 41 место од вкупно 215 земји во светот е рангирана Македонија на светските листи според новозаразени од Ковид 19. Имаме далеку полоши бројки од Велика Британија, Шведска, Русија, Италија, Германија по број на активни случаи на еден милион жители, стои на листата на Ворлдометер.

Во земјава за само три дена, бројот на нови заборени се зголемил за близу 1300 случаи или вкупно 3200 ново дијагностицирани пациенти за една седмица. Над 50 пациенти ја загубиле битката со болеста во последните седум дена.

Од регионот пред нас е само Црна Гора со над 25.000 заразени на милион жители, Хрватска е на 72. место, Албанија на 78. место, Бугарија на 99. место, Србија на 103. место.

И според бројот на смртни случаи сме на многу високо место. Односно според принципот на починати на еден милион жители, ние го надминуваме за речиси 3 пати светскиот просек на смртност.