Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, Гевгелија го чествуваше со положување цвеќе пред споменикот на илинденецот Сава Михајлов,во центарот на градот, што го организираше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија.

Членови на партиската делегација, што беше предводена од претседателот на гевгелискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов, при оддавањето почит пред споменикот, истакнаа дека без македонските борци и илинденци на кои денеска им се поклонуваат, не може да се замисли континуитетот на нашата ослободителна борба која резултираше со создавање на сопствена држава.

По повод прославата на празникот тие упатија честитки до сите граѓани на општина Гевгелија со желби за мир, здравје, благосостојба и подобра иднина.