Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е и генерален секретар на Алијанса за Албанците, предвидува одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во 2021 година.
Според него, не само што ќе се одржат, туку и СДСМ ќе инсистира на нив оти нема да издржи како што тргнала во актуелното владеење.
-Вие гледате како функционира новото мнозинство. Тие не можат ниту да гласаат, имаат само 61, имаат проблеми со функционирањето, имаат проблеми со делење на директорски места, има незадоволство и кај функционери од ДУИ и СДСМ, и можно е таа коалиција во секој момент да се распадне. Ваквото функционирање во следните 4 години е невозможно, нема шанси! Тие се обидоа да направат раздор во коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, не успеаја, па се обидоа со раздор и купување пратеници од ВМРО ДПМНЕ, очигледно и тоа не успеваат. Од трета страна пандемија и финансиски проблеми, незадоволство внатре во членството... Ако продолжи вака само ДУИ добива, а СДСМ ако потрае уште една година ќе има проблеми да добие и 200 илјади гласови на следни ибори, истакна Таравари при неговото телевизиско гостување во Алфа телевизија,
Тој уверува дека и странците во земјава со кои соработуваат и разговараат го критикуваат актуелното владеење.
-Од друга страна ВМРО ДПМНЕ ја одржува стабилноста кај членството, додека во СДСМ расте разочараноста, нагласува Таравари.