Во населеното место Нова Маала, во Општина Василево, поставена е нова метеоролошка станица, која ќе го покрива и подрачјето на селата Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала.
Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, информираше дека метеоролошката станица е поставена во рамки на договорот со кој во општина Василево се поставува ново енергетско и ефикасно улично осветлување.
Станицата ќе обезбедува податоци за температурата на воздухот, воздушен притисок, брзина на ветар, влажност на воздух и други параметри.
Неодамна на територијата на општина Василево, во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, беа поставени слични агро-метереолошки станици во атарите на населените места Ангелци и Пиперево.