Во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, за кои евиденција води Агенцијата за вработување од Гевгелија, за шесте месеци од почетокот на пандемијата со Ковид-19 двојно се зголемил бројот на невработени лица, поточно на активни баратели на работа.
Кон крајот на март годинава, откако почна пандемијата, во гевгелиската Агенција биле евидентирани 962 активни баратели на работа чиј број, како резултат на загубени работни места, затворање на дел од фирмите или лица кои првпат се пријавуваат за работа, постојано се зголемувала.
Од Агенцијата во Гевгелија соопштија дека до крајот на септември, бројот на активни баратели на работа се зголемил на 1.940 лица, што е зголемување од 978 или повеќе од 100 отсто. Од нив 938 се жени, а останатите 1.002 се мажи на различна возраст и образовни профили.