Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, е позитивна на Ковид-19.

Таа на својот фејсбук профил соопшти дека попладнево ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание и оти по тестирањето добила позитивен резултат на коронавирус.

– Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се, пишува пратеничкатa Славјанка Петровска.


Администратор
29/10/2020 02:57