Загадувањето му го олеснува патот на ковид 19 до белите дробови и води кон фатални последици вели пулмологот Марија Христова за Алфа.

-Ризикот кај хронично болните каде што имаме намален имунитет е огромен не само од околината од загадениот воздух од пушењето од лошите услови на живеење и најчесто од бројните вируси односно од непијателот – Ковид 19. Доколку загадениот воздух долго време го вдишуваат пацинетите тој го намалува локалниот имунитет и затоа ризикот е голем да настане дополнително оштетување кое што ќе доведе до фатален исход односно смртност кај пацинентите, вели Христова педијатар, пулмолог, алерголог.

Според неа витамините Ц и Д го намалуваат штетниот ефект од аерозагадувањето.

-Да се почитуваат препораките, да го стимулираат имунитетот, особено хронично болните. Колку помалку бидат надвор толку подобро за нив, вели Христова.