Рокот за доставување на кандидатурите за избор на градоначалник на Општина Штип завршува на 7 ноември во 24 часот.
Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција рече дека до денеска ниту една политичка партија или независен кандидат немаат доставено кандидатури до Општинската изборна комисија.
-Формирани се избирачките одбори, како и на предвремените Парламентрани избори, така и на овие имаме вкупно 77 избирачки одбори. Бројот на гласачите ќе го знаеме, кога ќе ни пристигне доверливиот материјал, вели Андреева.
Прашана како ќе се решаваат ситуациите, доколку некој од членовите на избирачките одбори пријави дека два или еден ден пред гласањето е заразен со коронавирусот, Андреева вели дека веднаш ќе се постави нов член. На 11 ти декември ќе гласаат лицата со позитивен тест за Ковид-19 во домовите, каде што ќе ги посети одбор составен од лекари, на 12 – ти гласаат болните, изнемоштени и осудените лица во затворите, а изборниот ден е на 13 – ти декември, кога гласачките места се отвараат во 7:00 часот.