Центарот за јавно здравје Куманово само за последната измината недела, заклучно со 1 ноември регистрира 209 позитивни лица на коронавирус од Куманово и 20 од Липково, соопштија денеска надлежните.
Во последната недела извршени се 282 тестови од кои по „Мој термин“ 170, а 112 лица се тестирани согласно епидемиолошки индикации. Најголем број од пријавените се на 30-ти октомври, (петок) 65 случаи. Во моментов активно се 362 случаи.
Од почетокот на пандемијата Центарот за јавно здравје регистрира вкупно 2.223 лица од кои 1.996 се на подрачје на Куманово, останати