На денешен ден во 1915 година во Кавадарци бил роден Никола Минчев, првиот министер за образование во ослободена Македонија, потсетува историчарот Петре Камчевски.
– Се образувал во Кавадарци и Скопје каде што извесно време работел како учител. За време на НОВ имал неколку функции, бил командант на штабот на третата оперативна зона и командант на партизанскиот одреде „Добри Даскалов“. Бил член на месниот комитет на КП за Кавадарци. Бил избран за делегат на Второто Заседание на АВНОЈ и на Првото Заседание на АСНОМ. Тој е првиот министер за просвета во Владата на Република Македонија. Подоцна станал Министер за финансии на ФНРЈ и Директор на сојузниот завод за стопанско планирање. По 10 години се враќа во Скопје каде е Претседател на Владата на Република Македонија и Претседател на Собранието на Република Македонија, појаснува Камчевски.
Бил член на Советот на федерацијата се до неговото пензионирање.