Поради наглото зголемување на бројките на заразени, прилепската болница го зголемува капацитетот за сместување ковид пациенти на 100 легла, а матичните лекари активно се вклучувата да помогнат, констатира денеска прилепскиот Кризен штаб.

Според диртекторот на приелпската градска болница „Борка Талески“, Драган Богоески, одделенијата за уво, нос и грло, од среда интерното одееление, а и капацитеот на очното одделение во болницата се Ковид-центри.

-Договорено е дел од Интерното одделение каде нема пациенти да се пренамени за Ковид центар, исто така Очното оддление кое моментално се наоѓа на истиот кат каде е одделението за уво, нос и грло кое делумно го проширивме за пациенти од Ковид-19, значи двата крака ќе бидат пренаменети каде има 26 кревети, па вкупно имаме уште 50 легла . Сега ќе добиеме околу 100 кревети за сместување пациенти со Ковид-19, вели Богоески.

Најголемиот проблем е недостигот од медицински персонал, зашто во одделенијата има позитивни на корона-вирусот, а дел во изолација. Болницата со допис побара и е дозволено од Министерството за здравство да ги ангажира дваесеттината специјализанти, а веќе од денеска ротираат на Инфективното одделение и специјалистите од другите одделенија.

-Во инфективното одделение праќаме медицински сестри за да помогнат. Сега правиме напори за ангажман на дополнителен број медицински сестри. А бидејќи отвораме нови Ковид-центри, мора и таму да го зголемиме бројот на медицински кадар. Најголем проблем се докторите. Бараме, а во допис до Министерството за здравство и ни е дозволено да ги повлечеме околу 20 специјализанти со што ќе обезбедиме доволно персонал, објаснува Богоески.

Болницата нема проблем со санитетски возила. Дури три нови се во фунција. Наскоро ќе се обезбеди централниот довод на кислород во Инфективното одделение каде, велат, нема проблем со доставувањето на боци со кислород. Мирјана Крстеска, раководител на Инфективното одделение вели дека се задоволни и работата колку-толку им е олеснета со ротацијата на медицински персонал. -На инфективно во моментов лежат 35 пациенти и тоа е максимумот. Во амбулантниот дел на болницата имаме ротација на персонал од хирургија и ортопедија и ослободивме простор за оние кои примаат дневна терапија и да не чекаат долго. Дневно веќе еден месец преку 10 пациенти се на кислородна поддршка и можеме да излеземе во пресрет, има доволно кислород. Охрабрува податокот дека иако сега околу 50 насто е зголемен бројот на позитивните случаи, не е зголемен бројот на смртноста, вели Крстеска. Околу 64 матични лекари сакаат активно да се вклучат и да помогнат, да ги растоварат обврските на институциите. Како што објаснува Нора Димишкоска Тасеска, претседател на здружението на матичните лекари во Прилеп, подготвени се да помогнат, да лекуваат, ама бараат протоколи за да не ги загрозат другите пациенти. -На состанокот договоривме да помогнеме и да им излеземе во пресрет на другите институции, да им го намалиме товарот. Нема да ги запоставиме нашите пациенти. Во моментов се грижиме за околу 400 граѓани кои се дома, а бараат совет од нас. Но при прегледи, имаме пациенти и со други дијагнози, па не сакаме сите да ги доведуваме во опасност. Бараме насоки и протоколи од Министерството како да постапуваме при прегледи на пациентите со ковид-симптоми, вели Димишкоска Тасеска. Градот и кризниот штаб бараат младите да бидат поодговорни- да со забави и групирања да не ги доведувата во опасност повозрасните членови во семејството. преку половината од сите заразени во пандемијата се во октомври. Во моментов во Прилеп има преку 500 активни случаи.