Вработените во работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП „Тетово“ денеска поставиле нови делови на вентил кој се наоѓа на излез од стариот резервоар за вода со што се очекува да се подобри водоснабдувањето во повисоките делови од градот. Поради извршување на замената неколку денови во Тетово во предпладневните часови имаше периоди од по еден или два часа со целосен прекин на водоснабдувањето.

-Саниран е дефект стар со години со кој се надевам дека ќе се надмине проблемот со горните делови од градот. Тој вентил одредени периоди работеше и на моменти ќе паднеше ткн. „клапна“ внатрешен дел од кој зависи допирање и пуштање на вода од резервоарот во градскиот систем. На проверка ни даваше сигнали дека се е во ред. Деловите кои беа дефектни се заменети со нови. Веерувам дека ќе биде подобра состојбата, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод и канализација“.

Моментно, тетовската водоводна мрежа од природните извори добива 300 литри вода во секунда. Во таа бројка се вклучени и количини вода од бунарите, а вклучени се два од трите вакви објекти.

-Триста литри вода во секунда е добра бројка на количина но има голема потрошувачка поради состојбата со коронавирусот и хигиенските потреби на граѓаните. Од друга страна се соочуваме со тоа што нема дождови и има високи температури. Воедно констатираме дека покрај количините вода, проблем за нормално водоснабдување низ градот е тоа што нема соодветен притисок. За да се создаде поголем притисок оваа мрежа има потреба од друг систем кој сега е зависен од повеќе фактори како потрошувачка, хидрофори, губење вода и слично, објаснува Љуљзим Шаќири.

Жителите на населбата Колтук во Тетово изминатиов период се соочуваа со целодневни прекини во водоснабдувањето.