Општина Гевгелија ги продаде сите осум градежни парцели за семејно домување кои беа огласени на последната јавна објава. Пет од нив беа понудени и продадени во населбата „Караорман”, а три во населбата „Касарна”.

Од општината посочија дека голем интерес имало за купување на петте градежни парцели во населбата „Караорман” за кои поединечно се јавиле дури по 25 купувачи, поради што на електронското наддавање од почетните 61 денар за квадрат достигнале цена од 1000 до 3000 денари за метар квадратен.

Интерес кај наддавачите имало и за купување на понудените три градежни парцели во населбата „Касарна” кои достигнале продажна цена од 1100 денари за квадрат.

Електронската аукција за понудената градежна парцела за објект од лесната индустрија ќе се одржи на 11 ноември.