Штипското Кожно одделение од попладнево се става во функција за ковид пациентиетите, кои се со полесна клиничка слика или на ден, два пред да бидат испишани од болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА појаснува дека утринава е направен координативен состанок меѓу лекарите и медицинскиот кадар од Инфективното и Кожното одделение, за точно да се утврди начинот на работа и како ќе функционираат двете одделенија.

-Попладнето веднаш по визитата на Инфективното одделение се очекува на Кожното да бидат пренесени и првите пациенти. Таму имаме вкупно десет слободни кревети, а за пациентите ќе се грижи комплетно персоналот на Кожното одделение, имаме четворица лекари, пет медицински сестри и по еден болничар и хигиеничар, вели Ѓеорѓијев.