Увозните цени од оддел Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во септември годинава се пониски за девет отсто на месечно ниво и за 40,9 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин е пониска за 4,5 отсто на месечно и за 37,1 на годишно ниво, додека цената на дизелот е пониска за 11,6 отсто на месечно и за 45,2 отсто на годишно ниво.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Тие на нив се повикуваат во калкулациите при склучувањето на градежните договори.