Поради дефект на водоводен приклучок од ф80 мм на улица Бехар Моис бр.11 во скопската населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Наум Евро", „Панче Пешев", „Римска" и „Атинска".

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот, па до завршување на работите за отстранување на дефектот.