Во здрава љубовна врска, партнерите се надополнуваат меѓу себе, за да бидат среќни. Сепак, од страв од осаменост, многумина честопати влегуваат во врска со погрешен партнер, со кого само си го губат времето…

Стручњаците открија неколку знаци кои речиси сигурно посочуваат дека сте во лоша, (не)љубовна врска.

Не е лесно да се стави крај на една врска, особено ако се работи за повеќе години во прашање… Но, тоа е подобар избор отколку да се чувствувате осамено и несреќно во друштво на погрешна личност.

Ако не можете да верувате на некого, ниту пак, да се потпрете на него / неа, тогаш сте сигурни дека тоа не е вистинскиот човек. Несигурните и недоверливи луѓе се такви кога станува збор и за мали нешта, но и за крупнни работи. Вистинскиот партнер ќе се потруди да ви олесни и нема да очекува од вас сами да се грижите за се.

Сличен е случајот и ако не се чувствувате подобра, душевно побогата личност покрај него / неа.

Ако пак, почесто размислувате за некој друг, тоа исто така може да значи оти не сте баш задоволни во постојната врска. Луѓето кои се среќни во нивната врска немаат потреба да размислуваат за некој друг или за тоа како би било подобро да живеат сами…

Ако вашиот партнер постојано ве испрашува и проверува како воопшто да не ви верува, тоа не е добар знак. Ако постојано мора да ги оправдувате своите постапки, каде сте биле, со кого сте биле, тоа сигурно не е врската за вас.

И доколку се чувствувате како тој / таа да ве исклучил /-а од дневните активности, и општо земено, како да сте изолирани, вишок и како да не му / ѝ требате, тоа, повторно е прилично јасен знак дека нешто не е во ред.


Администратор
23/11/2020 13:44