„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“.
Ова во изјава за новинарите го истакна бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Изјавата на Каракачанов се однесуваше на новинарско прашање во врска со изјавата на Премиерот Зоран Заев дадена за БГНЕС во која тој кажува неколку скандалозни изјави меѓу која и дека Бугарија на територијата на Македонија за време на анти-фашистичката борба била само администратор а не сојузник на нацистичка Германија.
Дополнително во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.
Целата негова изјава можете да ја слушнете во видеото во продолжение: