Американскиот производител на вакцини „Новавакс“ денеска соопшти дека повторно го одложува почетокот на последната фаза од тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирус во САД и додаде дека очекува тестирањето да почне во следните недели, место во ноември.

Ова е вторпат „Новавакс“, чие тестирање на вакцината во Велика Британија е во втората фаза и веќе е во тек, да го одложува тестирањето на третата фаза, откако тоа го стори и во октомври.

Британските медиуми пренесуваат дека заради новото одложување има пад на вредноста на акциите на оваа компанија од шест отсто, а која во развојот на вакцината заостанува зад „Фајзер“ и „Модерна“.

Компанијата, исто така, сооошти дека ја завршила регистрацијата на 15.000 учесници во истражувањето во Велика Британија и дека привремените податоци ги очекува во првиот квартал од 2021 година.


Администратор
30/11/2020 21:02