Над 3.000 амандмани поднесоа ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица со што го започнаа процесот на „филибастеринг“ во Собранието за предложените измени на Деловникот за работа на Собранието со кои сакаат да го спречат донесувањето на можноста за гласање на пратениците Онлајн во услови на Ковид-криза.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица ги здужија силите за да спречат донесување на измените на Деловникот, кои предвидуваат пратеници кои се во изолација поради Ковид-19 да може онлајн да се вклучуваат во работата на парламентот.

Ова се предлага единствено за пратеници кои ќе биадт во изолација со решение од ДЗИ. Не важи за други пратеници и за други здравствени состојби – изјави Арбен Зибери од ДУИ.

За предложените измени на Деловникот расправаше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, откако минатата седмица собраниското мнозинство, на пленарна седница, ја утврди потребата за нивно донесување по скратена постапка.

Меѓутоа, извесно е дека постапката, сепак, ќе трае долго и прашање е дали воопшто ќе биде завршена, со оглед на тоа што сега треба да се чека собраниските служби прво да ги преведат сите поднесени амнадмани од македонски на албански јазик и обратно.

Ова прашање треба да се спречи бидејќи за измени на Деловникот е потребен сепартиски консензус. Досега, само еднаш се случило Деловникот да се измени на своја рака, без опозиција, во времето на Груевски. Јас и на говорница кажав, ако сакате да го вратите груевизмот, изменето го деловникот на своја рака. Сметаме дека со доволно амандмани, ќе се избориме за консензус – изјави Скендер Реџепи од Алијана/Алтернатива.