Додека бугарските историчари од мешовитата комисија јасно порачуваат дека пораките од македонскиот премиер за да имаат тежина треба да се официјализираат на хартија, македонската страна не мисли дека кажаното во скандалозното интервју на Заев за БГнес ќе и наштети на нивната полемика. Ги стави ли Заев македонските историчари во подредена положба?

- Ставовите на премиерот Зоран Заев нема да ни ги врзат рацете и нема да не стават во подредена положба. Ние ќе се водиме според историските факти. Многу пати до сега имало изјави на политичари од Македонија и Бугарија за историски теми. Разговорите на трети и четврти декември ќе бидат он лајн за темите за кои разговаравме на последната средба. Меѓу нив и за Гоце Делчев, вели за Алфа првиот човек на комисијата од македонска страна, Драги Ѓорѓиев.

Неговиот бугарски колега Ангел Димитров рече дека за кажаното од Заев да се сфати сериозно е потребен меѓународен правен документ. Во него јасно би било кажано дека се прифаќаат нови позиции во согласност со договорот за добрососедство.