Заради потребата од активности за навремено, постојано и веродостојно информирање, со цел спречување и оневозможување на создавање и ширење дезинформации, а со крајна цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата од КОВИД-19, Владата донесе заклучок, врз основа на препораката на Главниот штаб за управување со кризи, да ги задолжи сите државни институции, органи на централната власт, јавни претпријатија основани од државата како и акционерски друштва во државна сопственост во рамките на своите надлежности со засилен интензитет да обезбедат навремено и веродостојно информирање на граѓаните за мерките за заштита на населението од КОВИД-19, за состојбата во државата во различните ресори предизвикана од пандемијата, како и за мерките за справување со кризата предизвикана од пандемијата.

Дополнително, Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, во соработка со Секторот за односи со јавност на Владата, до обезбеди дневно информирање на јавноста за активностите кои произлегуваат од кризната состојба во Република Македонија.

Владата го задолжи секое министерство да ги обнови секциите за информирање за КОВИД-19 на своите веб страници и на другите канали за комуникација.