Формирањето на македонскиот национален идентитет е историски континуиран процес,започнат во последната третина од деветнаесетиот век,а своја конечна верификација доживува со одржувањето на Антифашистичкото Народно Собрание за Ослободување на Македонија на 02-ри август 1944 година.Македонскиот национален концепт,т.н.р. “македонизам” од бугарските националисти,ги дефинира јасно своите идеи за иднината на населението во поробената македонска територија,под управа на Отоманската империја.Многу сигнификантно се издиференцираат две основни тенденции на т.н.р.”македонисти”.Едната тенденција има масовно прифаќање кај огромен дел на словенското христијанско население во Македонија и се одбележува како “нашизам” (нативизам).Втората тенденција се манифестира преку дејствувањето на македонската интелегенција образувана(во најголем дел) во бугарското кнежество и има два конкурентни правци:едниот правец е определба на македонското население како”македонски бугари” ,додека вториот правец еопределба како “македонски словени”.

Основна пречка за развој на македонската национална мисла е формирањето на српското и бугарско кнежество во 1878 и нивните амбиции за територијална експанзија на македонскиот географски простор.Нивните амбиции кореспондираат со експанзионистичкиот концепт “Мегало Елада” на грчката држава формирана уште во 1929 година.Сите три млади монархии на Балканот за своја основна цел во преодот од 19-от кон дваесетиот век, имаат завладување на што поголем дел од македонската територија.Овие три соседни држави уште за време на отоманската управа во Македонија, применувале идентичен инструментариум за асимилација на македонското население-црква, училишта,печат и комунална организација. Бугарското влијание во Македонија најегземпларно е претставено преку улогата на Бугарската Егзархиска Црква,кој што е најефективен инструмент и игра водечка улога во ширење на бугарската кауза во Македонија.Формирањето на Бугарската егзархиска црква во 1870 година како единствена легална словенска црква,овозможува на егзархиските свештеници ширење на бугарската национална кауза кај македонското население.При тоа,треба да се одбележи дека во актот за основање на Бугарската егзархија,не се наведува ниту една апархија во нејзиниот состав која што е на подрачјето на географскиот македонски простор.Исто така,новоформираната Бугарска Егзархија не ја наведува како свое духовно извориште Охридската Архиепископија, која што како канонски наследник на црквата Јустинијана Прима-основана во средината на 6-ти век, цели 10-есет века(се до нејзиното укинување во 1767 г.) управува со епархиите во регионот Македонија. Поради наметнувањето на бугарската национална идеја,како дејност која што согласно црковните канони не е дозволена во православното христијанство,Бугарската егзархија е ставена под шизма од страна на Васељенскиот поглавар во 1872г.Шизмата трае се до 1953г, а за да се прекине проклетството Бугарската православна цркава се откажува од сите епархии во состав на Народна Федеративна Република Македонија,како и од епархиите во областа егејска Македонија во Грчка,додека го задржува правото на управување со епархиите во пиринскиот дел на Македонија,што е во состав на бугарската држава..

Клучен непријател и основен лост за организирање на народните маси за отпор против дејствувањето на Егзархијата е Mакедонската Револуционерна Oрганизација-ВМОРО,формирана во 1893 година,во 1896 година(според некои историски извори во 1902)преименувана во ТМОРО,a од 1908 го добива името-ВМРО.Промоцијата на слоганот “Македонија на македонците”е основното мото на Македонската Револуционерна Организација од крајот на деветнаесетиот век.Огромна штета за македонското револуционерно движење се внатрешните недоразбирања, за карактерот на вооружената борба и начинот на создавањето на македонската држава.Најегземпларен доказ за тоа е поделбата на двете крила на ВМРО,после завршувањето на Првата Светска Војна.Едното крило ВМРО-конзервативно крило со главни претставници-Т.Александров,А.Протоѓеров ,В.Михајлов и другото крило,ВМРО-обединета предводено од Д.Влахов,Д.Хаџи-Димов,П.Брашнаров и П.Шатев.Без разлика на сите внатрешни идеолошки и национални концептуални разлики во редовите на ВМРО за иднината на Македонија,таткото на македонскиот правопис К.П.Мисирков со право истакнува:”ВМРО е лендмарк на нашата историја.”

Карактеристично за револуционерните дејци на ВМОРОи ТМОРО,од редовите на Централниот Комитет во Солун,т.н.р.”централисти”(како раководно тело на револуциoнерната организација во внатрешноста на Македонија),е тоа што нејзините највидни раководители-Г.Делчев,Д.Груев, Н.Карев...биле школувани во егзархиски бугарски училишта и работеле како учители во истите.Друг избор тие и немале.Можеле да бираат да учат во грчки или бугарски училишта.Тоа бил огромен хендикеп во совладувањето не само на револуционерниот алфабет,туку и во формирањето на национална македонска идеја за сопствена држава, идентитет и јазик. Меѓутоа,основните симболи на револуционерната борба-статутот,печатот, прокламациите и програмите на “централистите”,јасно укажуваат дека револуционерните дејци биле наполно свесни за својата македонска посебност и јасно ја подвлекувале мулти-етничноста на населението од Македонијасо поимите“македонски словени” и “несловенско македонско население”. Ултимативна цел на “централистите” била политичка автономија на Македонија во рамките на Отоманската империја,како најскромен облик на државен суверенитет.”Централистите” инсистирале на самостојно делување во револуционерната борба,без мешање на соседните држави и реализација на нивните планови за иднината на Македонија.Од друга страна, т.н.р. “врховисти“-припадници на Врховниот Комитет во Софија, биле во најголем дел македонски емигранти во бугарската држава,кои што за пари или општествена позиција се залагале за тесна соработка со бугарскиот државен врв.Водечките лица на Врховниот Комитет во Софија се именувале себе си и македонското население во внатрешноста на Македонија како “македонски бугари”.

Реформите во Отоманската империја во 1908 година овозможуваат и создавање на нови облици на политичка организација на “македонистите” и развој на нивната македонска национална кауза.Формирањето на НФП(Народна Федеративна Партија) од страна на лидерот на “серското крило”во ТМОРО-Јане Сандански,дава нова синергија за македонските национални идеи.НФП е формирана и регистрирана како политичка партија со додавката “бугарска секција”.Поинаку и не можело да биде регистрирана партијата,затоа што во отоманските пописи не постоела графа-македонец. Но,прогласите и програмата на НФП,како и претходните писма на “серското крило на ТМОРО”до бугарската влада од 1907-ма година (писмото е потпишано од Сандански,Бујнов,Кантарџиев,Скрижовски...) јасно ги разграничуваат слободарските идеали на македонските револуционери, од експанзионистичките цели на Бугарија,Србија и Грција за освојување и поделба на Македонија.Соработката со младо-турците ја легитимира и политички идејата за автономна македонска област во рамките на реформираната Отоманска империја,со учество на претставници од НФП на изборите во 1909 за младо-турскиот меџлис (парламент).Подоцна,во раните дваесети години на дваесетиот век,ВМРО-Обединета јасно ја истакнува идејата за македонска политичка независност,како независна федерална единица во рамките на идна Балканска федерација.

Клучна определба на “централистите”во раководните тела на ВМОРО и ТМОРО, е одбивање на надворешна интерференција(помош-“да”,мешање во револуционерната борба-“не”).Главниот акцент на револуционерната борба бил во премисата:“…ослободувањето на Македонија е исклучиво задача на македонското население”.Суштествено за македонската револуционерната активност до Балканските војни 1912-1913 година,е тоа што раководителите на Македонската Револуционерна Организација,не го отвараат прашањето за националниот идентитет на “македонските словени”.Нивниот став е дека тоа прашање има огромен експлозивен потенцијал и може да биде причина за поделби на разни крила и фракции во рамките на револуционерната организација.Овој став е изграден имајќи ги во предвид бугарската,грчката и српска пропаганда и нивните манипулации со револуционерната борба во внатрешноста на Македонија.Ставот на “централистите” во Македонската Револуционерна Организацијае дека во тој временски период е потребно единство на севкупното население во Македонија, во револуционерната борба за ослободување од владеењето на отоманите.Платформата за единство на целокупното население во Македонија ја определува политичката, идеолошката, практичната и тактичка консидерација на револуционерната борба за ослободување на земјата. Истовремено,игнорирањето на националното прашање ги фокусира раководителите на Македонската Револуционерна Организација да го одложат решението за македонскиот национален идентитет, после ослободувањето на Македонија и добивањето статус на политичка автономија во рамките на Отоманската империја.Се очекувало националната содржина на населението да биде определена,како природен чин на себеосознавање и трансформација на “нашизмот” во македонска национална свест,преку своја автокефална црква,сопствен образовен систем и самостојна финансиска и комунална организација.После Првата Светска Војна и горчливите искуства на македонците од Версајскиот мировен договорво 1919,ситуацијата со македонските национални идеи станува многу појасна.Консеквентно на тоа,ВМРО-Обединета под лидерство на Д.Влахов,уште во првата половина на дваесетиот век јасно ги профилира основните принципи на т.н.р.”македонизам”:

-Обединување на левицата и десницата на ВМРО за ослободување на сите три дела на поробената македонска територија(Мајски Манифест -Виена1924); Политички суверенитет во рамките на идна словенска или балканска федерација; Признавање на македонците како посебна словенска нација; Обновување на Охридската Архиепископија; Кодификација на македонскиот јазик.

Македонската револуционерна борба од последната третина на деветнаесетиот век до средината на дваесетиот век,во основа не се заснова само на класичните европски национални идеи и е поттикната како од идејата за национално само-определување на македонците,така и од идејата за решавање на нивниот политички и економски статус. Целта за национално само-определување на македонското население има национална содржина,но, во себе содржи исто така политички и економски мотиви.Тоа го објаснува стремежот кон социјалистичките идеи на безмалку сите раководители,членови на ЦК на Македонската Револуционерна Организација во Солун(Д.Груев,Г.Делчев,Н.Карев...). Привлечноста на социјалистичките идеи за македонските револуционери се образложува, со вредностите на заедништвото и соработка како основна содржина на тогашниот социјалистички модернизам,втемелени во културолошката димензија на македонското феудално пред-индустриско општество. Нагласокот за меѓучовечка солидарност и колективно делување,залагањето за идеалот на идна македонска народна република, овозможувало да се потикне незадоволството на народните маси од експлоатацијата и нееднаквоста во туѓите владатели на севкупната македонска територија.Македонските револуционери за време на Втората Светска Војна,ја согледале важноста од вооружената борба против наметнатата бугарска и италијанско-балистичка воено-административна управа на просторот на Вардарска Македонија. Вооружената борба била единствено средство за реализирање на националните,но и на политичко-економските цели на македонското население.Така се обединува македонската национална идеја за само-определување, со идејата за политичка независност во рамките на идна македонска федерална држава во составот на југословенската федерација.Истовремено се спроведува општествена социјалистичка револуција,се до промената на општествено-политичкиот систем во 1991 година.

Сосема е извесно дека различните општествено-историски околности кои што довеле до формирање на бугарската и македонската нација, консеквентно на тоа и на бугарскиот и македонскиот национализам, содржат сами по себе длабоки противречности во основата на поимот “нација” и категоријата “национализам” во двете современи европски држави-бугарската и македонската.

Независно од научните теории за нацијата и национализмот и дебатите дали нациите го создаваат национализмот(Хердер,Фихте,Гелнер...) или национализмот ги создава нациите(Хобсбаум,Б.Андерсон...),забележливи се огромни разлики во практичната манифестација на националните содржини во бугарската и македонската држава.Согласно главните обележја на тие национални манифастации,би можело да се класифицира типот на бугарскиот и македонскиот национализам.

Тврдењето дека бугарската нација е “органска” или “примарна” нација,го определува и карактерот на бугарскиот национализам.Тој национализам е конзервативен,агресивен и во дадени историски околности милитаристички експанзивен.Таквиот доктринарен конзервативен национализам е во апсолутна противречност не само со македонското поимање на категоријата национализам,туку и со современата европска практика,на создавање над-национални политички институции кои што националната лојалност на граѓаните од земјите-членки на Унијата,ја разгледуваат како антиципација на европското политичко единство.Тоа подразбира, да се надминат назадните форми на агресивен локален национализам на оделни земји-членки и да се преобразат во национални содржини кои што ја преферираат европската припадност на сите жители на европскиот континент,како нов политички концепт за конвергенција на националните идеи во процесот на европската интеграција.Бугарскиот национализам го преферира концептот за нацијата како “еталон” на политичката независност.Таквата негова содржина е правно преточена во бугарската конституција, која што го креира бугарското државно единство и одржувањето на јавниот ред и поредок,исклучиво преку припадноста на бугарските граѓани кон бугарската етничка заедница.Тоа означува непостоење на малцински етнички заедници во државата и неможност за колективно негување на културните идентитети на другите етнички заедници во Р.Бугарија.

Македонскиот национален концепт со оглед на историските околности кои што ја диктираат неговата национална содржина,ја определува македонската нација како “политичка нација”.Нагласокот на македонската национална содржина е на народниот суверенитет,изразен како општа волја на македонското население за негово национално само-определување, изведено заедно со стекнувањето на политичка независност и општествена организација на македонската држава, во која што доминираат солидарноста и колективното заедништво.Имајќи во предвид дека македонските национални идеи никогаш не ја запоставувале мулти-етничката и мулти-конфесионална димензија во македонското општество низ вековите, македонскиот устав во својата содржина ги вградува компонентните на модерна држава од европски тип,уште во седумдесетите години од дваесетиот век.Таквите карактеристики на македонската национална идеја го определуваат македонскиот национализам како “либерален” и “демократски”.Македонскиот национализам ги смета сите нации за еднакви,во смисол на правото на слобода и национално само-определување.Определбата за националниот сувернитет разбран како општа граѓанска волја е базична демократска придобивка на македонската држава. Демократските принципи содржани во македонскиот устав беа констатирани и од еминентните професори по уставно право-Баденетер и Херцог уште во далечната 1992г.,кои што потврдија дека македонскиот устав како посебен вредносен правен систем е дел од европскиот вредносен правен систем!!!

Марјан Ѓорчев