Запленетата белвица од рибокрадците во Охрид завршува на маса пред осудениците во охридскиот затвор. Тие имаат прилика да се гоштеваат бесплатно со ретката риба која инаку полека исчезнува од езерото. Ова за Алфа го потврдил директорот на охридскиот затвор. Помалку ироничен и низ шега тој вели оти „на затворениците им се носи богата и убава храна, ама не и пастрмка за да не им залетнеле коски во грлата“.

Инаку како што е познато државата го остави Охридското езеро без концесионер,една година никој не се грижи за зачувување на рибниот фонд, па се врши масовно рибокрадење а никој до сега не одговарал за недозволен риболов, иако тоа е кривчно дело според член 229 од кривичниот законик. Полицијата само ги запленува мрежите, а уволената риба се носи во охридскиот затвор.

- Оваа година од страна на надлежните институции не е поднесена ниту една кривична пријава против познат сторител.Сите кривични пријави што се поднесени од страна на полицијата се против непознат сторител.Тоа нема да го сузбие недозволениот риболов односно рибократството.Мора да се штити рибниот фонд, да се поднесуваат пријави против познати сторители, а не само да се прибираат мрежите и рибата да завршува во затворите мора под итно нешто да се превземе, вели Радован Димитриески од С.Р.Д. “Свети Апостол Павле”.