Командирот на Струмичките пожарникари, Александар Гудев во медиумите испрати демант во врска со написите дека и пожарникарите им се приклучија на припадниците на АРМ во писмото со кое повикаа да се заштити македонскиот идентитет и јазик, демант во кој се оградува од неговите колеги.

Во продолжение интегрален текст од испратениот демант.

„Демант од ТППЕ Струмица на објавен текст во повеќе портали со наслов „Пожарникарите се приклучија кон писмото на војниците од АРМ: Никој нема мандат да се пазари со виталните интереси на Македонија“

Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица најостро ги демантира наводите во објавеното писмо од сите Територијални против пожарни единици во државата дека „Ние припадниците на Територијалните противпожарни единици, будно ги следиме овие настани и известуваме дека рамо до рамо со припадниците на Армијата на Република Македонија, ќе станеме во одбрана на нашите национални и државни интереси. Нашата политичка елита, ја известуваме дека прифаќањето на било каков компромис во однос на наведените вредности,ќе го сметаме како непријателски акт кон македонската држава“, како и останатите наводи од тоа „писмо“ за кое како ТППЕ Струмица ниту сме информирани, ниту некој од нас побарал мислење и став. Сметаме дека станува збор за, најблаго речено, подметнување во јавноста на писмо“ кое нема потпис, ниту факсимил од него, ниту од кого е испратено.Согласно законот бараме да се објави демантот во сите медиуми каде е објавено „писмото“.

Со почит, ТППЕ Струмица, Командир, Александар Гудев с.р.“