Заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, Љупчо Николовски и директорката на Инспекторатот за труд, Јована Тренчевска попладнево одржаа состанок со инспекторите од источниот регион. Николовски истакна дека освен мерките за заштита на граѓаните, важно е да нема застој и во производствените и економски процеси и сите активности на фирмите, фабриките и на сите други капацитети да продолжат непречено да ги извршуваат своите обврски.
-Затоа е од исклучителна важност работодавачите да обезбедат безбедни услови за работа со кои ќе го заштитат здравјето на работниците и почитувањето на правата на работниците, а со тоа ќе се обезбедат услови за одржливо производство и за продуктивност на економијата во целост. Токму Државниот инспекторат за труд е клучниот контролен механизам за надзор врз примената на уредбите и здравствените протоколи за работа на работните места. Работниците се моторот на нашата македонска економија и во оваа здравствена криза мора да се грижиме и да ги носиме мерките за да го зачуваме секое буквално работно место, вели Николовски.
Инаку, посетата на Николовски доаѓа во пресрет на изборите за градоначалник во Штип, кој ќе се оддржат среде најголемата криза со Ковид-19 и кои се организираат поради тоа што претходниот градоначалник премина во извршната власт. Новиот градоначалник на Штип, ќе има мандат од нецели 10 месеци.
Пред посетата на Николовски, во Штип беа и Маричиќ, Царовска, Спасовски, Шахпаска...