Зарeм не знаеме како држава низ што поминала Македонија во минатото? Историјата може да биде учителка на животот, вели професорката Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во „Што не е ејасно?“. Според неа Македонија не смее да се откажува од она што го постигнале во себеизградувањето низ годините, а точно знаеме кои биле некогаш нејзините поробувачи.
-А ако Македонија била под закана во минатото, дали преку асимилација на народот и националните обележја, дали тоа што во физичка смисла била загрозена, од четири различни страни и ако се научила таа лекција за минатото, но и во современието последниве 20-30 години знаеме точно од кого се била загрозена: треба да знаеме дека не треба да ги напуштаме како држава веќе постојните наши позиции. Тоа што го имаме и сме го оствариле не смее да го изгубиме, вели Ѓуркова.
Таа смета дека не смее без консултација со стручните луѓе во било која област да се носат државни одлуки.
-Не смее без консултација со стручните луѓе во која и да е област , да се носат државни одлуки. Што се однесува до евентуален референдум во врска со бугарскиот притисок би било многу важно кој го составува прашањето, нагласува Ѓуркова.