Градоначалникот на Куманово и член на централниот одбор на СДСМ, Максим Димитриевски во интервјуто за Телевизија Сител смета дека Владата направи грешка со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник во спорот со Бугарија.
- Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види неговото интервју за ТВ „Европа“ кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров. Таму многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека тој нема да даде придонес во развојот на наметнатите проблеми – потенцира Димитриевски.