Владата денеска на седница донесе Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење услуги во АД „Пошта на Македонија“ – Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, Владата на Република Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериума за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од два месеца, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Македонија“ со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените