„Вярно или не?“, прашува Бугарското министерство за надворешни работи на нивниот официјален фејсбук профил притоа посочувајќи две изјави на сегашниот вицепремиер задолжен за ЕУ интеграции а претходен министер за надворешни работи, Никола Димитров.
8 декември 2020 година: Никола Димитров, вицепремиер на РМ: Решението на ЕС за започнување преговори во март беше неусловено.
25 март 2020 година: Заклучоци на Советот на ЕС за започнување на преговори с РМ: Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување, стои во постот на Бугарското МНР.