Пензионираниот доктор од Кавадарци кој почина како последица од ковид 19 во неделата, го нема во дневниот билтен на министерството за здравство ниту во понеделникот ниту вчера. На прашањето зошто, од таму одговараат дека евидентирањето одело побавно.
-Од почетокот на пандемијата Министерството за здравство точно, отворено, транспарентно и навремено ја информира јавноста за дневната ковид статистика, велат од Министерството за Алфа.
Сепак сомнежите остануваат ако само потсетиме на неодамнешната бурна реакција на јавноста по смртта на двајцата браќа од Кавадарци на 20-годишна возраст кои починаа поради компликации од Ковид 19. Помладиот брат беше заведен во билтенот три дена откако ја изгубил битката со вирусот, но не и постариот. Тогаш надлежните за него објаснуваа оти тој бил дијагностициран само со брз тест, па затоа не се водел како починат од Ковид 19.