Порталот за отворено владино партнерство подготвен во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе биде промовиран денеска на онлајн прес-конференција во Владата.
Како што соопштија од владината прес-служба, порталот ќе го промовираат министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири заедно со Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.