Синдикат на Полиција во Македонија бара од МВР да преземе конкретни мерки за заштита од вирусот ковид-19.
-И покрај тоа што на највисокото раководство на СВР Велес (Началникот на СВР Велес и Командирот на ПС ОН Велес З.Ј и А.Т) од вработени им е укажано пред повеќе од 30 дена за појавата за ширење на неподнослива миризба која е основа за понатамошни зарази во ова време на пандемија се уште (до денес) од нивна страна нема ниту било каква реакција, што како Синдикат кој здравјето на вработените ни е пред се, се одлучивме да ја запознаеме јавноста и вработените. Сето ова доаѓа од полициска станица односно Сектор за внатрешни работи кој неодамна пред една година целосно е „опремен и реновиран“ како таков. Бараме од надлежните, оваа појава за никаква негрижа од страна на високото раководство на СВР Велес да се острани и веднаш да се преземат мерки за заштита на вработените согласно закон, велат од Синдикатот на полиција во Македонија.
Според Синдикатот, вработените во канцелариите во Градско и Богомила при ПС ОН Велес се уште немаат обезбедено дрва за огрев иако неколку пати е барано преку Одделението за заеднички работи на СВР Велес.
-Но од страна на тамошниот началник Ѓ.И образложено е дека „ништо не знаел и дека тоа не било негова работа“. Се надеваме во најбрз можен рок, појавата „мрзнење“ на работните места во овие станици ќе биде минато. Ги охрабруваме вработените во Министерството да пријавуваат секаков вид на непрофесионално и нестручно работење на раководни структури во МВР, стои во нивното соопштение до јавноста.