Не сме ние виновни што нема термини за вакцинирање за сеознскиот грип, реагираат матичните лекари.Иако оваа година тројно е зголемен интересот за имунизација за редовното вакцинирање термините се истрошени веднаш, а комерцијалните вакцини уште се чекаат.
-Многу тешко се доаѓа до термин и никој не треба да ги обвинува матичните лекари затоа што термини навистина многу малце има , веднаш ви исчезнуваат за секунда …Сите очекувавме и дека ќе ги пуштат комерцијалните вакцини,кои многу би ни олесниле, изјави за Алфа доктор Светлана Трифуноска, координатор на матичните лекари во Тетово.
Според Трифуновска оваа година, во време на пандемија, не смееше да се дозволи целата обврска со вакцинирањето за грип да се дозволи да падне на нивен грб.