Откако вчера во Телевизија Телма, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, индиректно потврди дека поранешниот негов колега Владимир Пешевски и поранешниот министер за финансии Кирил Миновски се дел од платформата „За татковината со љубов“ денес, во списокот на луѓе членови на оваа неформална платформа која лично Битиќи ја објави на ФБ, овие две имиња магично испарија.
Тој објави дека активни членови на платформата, во моментов се Агим Мамути, Благица Петрески, Борче Треновски, Борче Смилевски, Борис Ефтимовски, Ванчо Узунов, Веле Самак, Висар Адеми, Вељанд Рамадани, Виктор Мизо, Горан Рафајловски, Зоран Кочоски, Игор Ивановски, Игор Андреев, Коста Петров, Љупчо Зиков, Марјан Петрески, Никица Мојсовска Блажеска, Никола Поповски, Нина Фити, Олимпија Заевска-Христова и Сашо Ќосев.
Но според записникот за првата неформална онлајн средба, објавен на социјалните мрежи и во дел од медиумите, се чини дека Битиќи денеска ја излажа јавноста бидејќи на него јасно се гледа присуството на поранешните функционери, од тогашната опозиција дефинирани како дел од режимот.