Поткуп, корупција и нефункционалност на институциите - ова е реалноста во државата предупредуваат експертите. Македонија е уште далеку од владеењето на правото и правната држава.
-Имаме сериозен проблем со корупцијата, ако сакаме да тргне процесот за евроинтеграција, треба да инсистираме на владеење на правото и инсистирање на законот во секоја сфера, област, на секое ниво, без да чекаме на судовите, затоа што тоа ќе значи задоцнување со правдата а ние имаме и сериозен проблем со интегритетот на судовите – вели за Алфа претседателката на Transparency International Слаѓана Тасева.
Според Тасева, тоа што статистичките случаите не се евидентираат не значело дека ги нема. И покрај потпишаните меѓународни конвенции за владеење на правото, земјава буквално тоне во корупција, а според Тасева итно треба да се даде соодветен институционален одговор ако сакаме да одиме напред.