Пациентка од Тетово, на Скопска неврохирургија со два негативни теста наместо да се оперира, се заразила со Ковид во болницата.
- Јас, татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика ни која година е родена ни каде живее.По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста а третиот позитивен..како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница... раскажува Жарко Трајковски, еден од синовите на пациентката.
На семејството им била понудена отпустна листа со образложение од еден од докторите дека не можат да ја згрижат бидејќи немаат простор за изолација.
-Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние... знаевме дека таа оди на Нверохругија, како ние сме одбиле а одиме да потпишеме за да се оперира?, вели Трајковски за Алфа телевизија.
Министерството за здравство се иззема од одговорност за случајот. По емитувањето на веста пак, од Клиниката за Неврохирургија соопштиле дека пациентката била префрлена во Ковид центарот на клиниката.