На социјалните мрежи се објавени слики од Подрачното основно општинско училиште „Тошо Арсов“ кое се наоѓа во Штип и во кое денеска се спроведуваат избори за градоначалник на оваа општина.
На сликите може да се забележи дека на ѕидовите пред влезот во училиштето со спреј е испишано името на владеачката партија, а за кои се тврди дека се направени доцна во ноќта односно непосредно пред почетокот на гласањето, што согласно Законските одредби е прекршување и на молкот и на изборниот процес.
Инаку, на денешните избори до 11:00 часот во Штип гласале 3561 гласачи од вкупно запишаните 41.777 односно 8,52%