На избирачкото место 2276 во Општина Штип, набљудувачи побарале да биде прекинато гласањето за избор на градоначалник поради тоа што на тоа место гласало лице кое било позитивно на Ковид-19.
Според неофицијалните информации, лицето кое се појавило на гласање имало и Решение за изолација издадено од надлежните институции.
Инаку како што соопштија и од невладината Цивил на изборите во Штип забележано е во неколку случаи и непочитување на здравствените протоколи.