Локалните избори во Штип за избор на градоначалник кој ќе има мандат од само девет месеци и кои се оддржаа во ек на пикот на коронавирусот ќе останат запаметени во историјата по исклучително ниската излезност на граѓаните кои имаат право на глас.
Според податоците на ДИК до 18:30 часот, на половина час пред затварањето на гласачките места, само 34,30 од запишаните гласачи го искористиле своето законско право.
За споредба на последните предвремени парламентарни избори во Штип кои се оддржа пред шест месеци, гласале 23.784 граѓани односно 56,88% од вкупниот број на запишани гласачи. Од нив 10.141 гласале за ВМРО-ДПМНЕ додека 10.077 гласале за СДСМ.
На локалните избори пак, кои се оддржа во 2017-та година, во вториот круг гласале вкупно 29.254 граѓани, односно дури 69,39%.
Оттука, може да се заклучи дека денешните избори се „фијаско“ за власта која по секоја цена сакаше да ги реализира, пред се поради фактот што за само 6 месеци од последните избори дури 22% од гласачите не излегоа да остварат своето право на глас.