Со блех музика пред штабот на СДСМ и на плоштадот „Слобода“, во Штип беше прославена победата на кандидатот за градоначалник од владеачката партија, Сашко Николов.

Негативни реакции во јавноста предизвика овој начин на прослава, од причина што, додека граѓаните секојдневно се казнуваат за непочитување на здравствени протоколи, тоа истото не се прави и партиските членови и активисти на владеачките структури иако на сликите и видеата јасно се гледа дека голем дел од мерките се прекршени.