Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук ја искористи приликата да му честита на неговиот колега Сашко Николов, кој победи на предвремените парламентарни избори во Штип и ќе има деветмесечен мандат.
- Честитки до мојот драг колега, Д-р Сашко Николов! 👏👏👏Штипјани го направија вистинскиот избор и со него Штип останува во сигурни раце. Сашко е вреден и чесен човек. Сигурен сум дека одговорно и посветено ќе ја врши својата работа како градоначалник, токму онака како што работи како кардиолог, напиша Филипче.
Но, овој пат, кај министерот за здравство Филипче изостана објавување на слики за прекршување на здравствените протоколи од страна на партиски активисти при прославата на победата, како што тоа претходно го правеше за опозициската ВМРО-ДПМНЕ а во една прилика дури на својот твитер профил преку слика од 2019 година се обиде да ја изманипулира јавноста дека тие биле главни виновници за ширење на коронавирусот.