Сашко Николов е новиот градоначалник на Општина Штип кој ќе има мандат од само девет месеци, по неговата победа на предвремените парламентарни избори организирани поради заминувањето на Благој Бочварски од локалната во извршната власт.
Тој на изборите, според 100% пребројани гласови освои 11.668 гласа, односно 80,31% од вкупниот број на излезени гласачи.
Во услови кога најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ а и исто така опозициската парламентарна партија Левица немаа кандидати, единствен предизвик за Николов беше обезбедувањето на цензус, за изборите да бидат успешни.
Иако до самиот крај беше неизвесно дали истиот ќе се обезбеди, сепак според податоците на ДИК истиот беше надминат за околу 500 гласови плус од потребниот број.
Но и во таква ситуација, без сериозна и директна закана од против кандидат на опозицијата, сепак сега веќе градоначалникот на Штип, Сашко Николов, не беше ниту приближно до бројот на гласови кој го освои неговиот претходник Благој Бочварски. Николов не успеа ни да го стигне поразениот кандидат на минатите локални избори од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.
Со добиените 11.626 гласа, Николов оствари победа која е за отприлика 3.400 гласа помала од онаа на Бочварски, кој успеа на последните локални избори да победи со 15.078 гласа.