Иста бројка на неважечки ливчиња се регистрираат и на локалните избори во 2017-та година и на предвремените локални избори оваа година во Штип.
Во 2017-та година во вториот круг на локалните избори во Штип гласале вкупно 29.254 граѓани со право на глас, што во проценти претставува високи 69,39% од вкупниот број на регистрирани гласачи. Од овие гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев добил 13.363 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски победи на изборите освојувајќи 15.078 гласа. На овие избори беа регистрирани и 813 неважечки ливчиња. Во проценти, околу 2,78% од гласачите го оствариле своето демократско право но не избрале ниту еден од понудените кандидати.
На последните предвремени локални избори пак, организирани само во Штип и Пласница и без учество на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ситауцијата е сосема поинаква. Во такви услови, според 100% пребројани гласови, кандидатот за градоначалник на Општина Штип немаше поголем број со извојување на изборната победа и освои 11,668 гласови односно 80,31% од вкупниот број на гласачи. Но, Николов и владеачката партија имаа проблем со цензусот, кој до последен момент висеше, односно не се знаеше дали ќе има доволен број на излезени гласачи за процесот да биде успешен.
Но, на овие избори интересен е фактот што се регистирани речиси ист број на неважечки ливчиња со оној од 2017 (за девет неважечки ливчиња), односно бројот на граѓани кои излегле на изборите но не се одлучиле за ниту еден кандидат изнесува 824 или 5,67% од вкупниот број на гласови.
Во услови кога во 2017-та година имало 813 неважечки ливчиња на 69,39% излезност а на последните избори 824 на 34,78% излезност, или повеќе од двојно според процентот на гласови, се засилуваат сомнежите за изборни нерегуларности, во овој случај за обезбедување на цензус на изборите за градоначалник во општина Штип, а за кои алармираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.