Дебата на тема „Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
-Дебатата се организира со цел актуелизирање на потребата за спроведување транспарентна постапка за избор на независни и стручни членови на комисијата, како основен предуслов идното функционирање на КСЗД да се темели на промовирање еднаквост и недискриминација, како и заштита на индивидуалните права на дискриминираните и ранливи групи граѓани, информираат од Здружението ЕСЕ.
Најавено е учество на Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ и Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација.
Проектот е поддржан од Европската Унија.