Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за административно отстранување на нелегалните објекти.

-Денеска со градежна механизација на улицата „Павел Шатев “бр. 2 во палатата Емануел Чучков се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, која функционираше како тераса на гостилницата „Аманет“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Откако инвеститорот не постапил по законски издаденото решение, кое наложува во рок од три дена самостојно да ја отстрани дивоградбата, инспекциските служби на општината пристапиле кон присилно административно извршување, а трошоците за извршувањето, како што стои во соопштението, ќе паднат на товар на инвеститорот.

Во соопштението се додава дека акцијата на општината за справување со дивоградбите ќе продолжи и во деновите кои следат, со што ќе бидат опфатени вкупно 18 нелегално поставени и изградени објекти на територија на општината.

Инаку, учеството на партијата Интегра на изборите во Штип, со нивниот кандидат за градоначалник „Џими“ допринесе за остварување на цензусот и прогласување на изборите за успешни.